Обука за човекови права

Невладината организација – Асоцијација за Напредок, Едукација и Лобирање (НЕЛ) од Скопје организира обука за човекови права за средношколци од прва и втора година од повеќе средни училишта.

Обуката ќе биде реализирана преку интересни активности и работилници во просториите на Филозофскиот факултет, а на крајот од обуката учесниците ќе добијат соодветни сертификати.

Доколку сте заинтересирани и сакате да научите нови работи за човековите права, учејќи преку методите на неформалното образование, кликнете на сликата подолу или ОВДЕ и пополнете ја кратката онлајн апликација, по што ќе бидете контактирани од наша страна со повеќе информации за тоа каде и кога ќе се одржи обуката.

Чекаме на вашето пријавување.

Ви благодариме,

Асоцијација НЕЛ

Кликнете на сликата, доколку сакате да се пријавите за обуката

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *