Одржана работилница за користење на WordPress

На 21-ви февруари 2014, Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање од Скопје, во клубот ГЕМ одржа работилница за користењето на WordPress како платформа за блогирање, слободно изразување и промоција.

На работилницата присуствуваа десетина учесници кои на неформален начин учеа како да регистрираат свој блог на WordPress, како да го користат, но и за алатките и можностите кои ги нуди софтверот за лично и слободно изразување, промоција на организации, проекти, активности и слично. Покрај ова, учесниците стекнаа знаења и за начинот на кој треба да се пишува на веб.

WordPress е бесплатен софтвер кој може да се користи за создавање на блог или веб сајт, создаден од страна на илјадници волонтери ширум светот и користен од повеќе од 25 милиони луѓе.

Блоговите кои во последните години даваа неопходни и важни информации од прва рака од револуциите и граѓанските војни во Либија, Египет и Тунис, протестите во паркот Гези, Турција и плоштадот Маидан во Украина најчесто го користеа WordPress за брзо, бесплатно и лесно да ги пренесат најбитните вести до широката јавност.

One comment to “Одржана работилница за користење на WordPress”
One comment to “Одржана работилница за користење на WordPress”
  1. Pingback: Активностите на Асоцијација НЕЛ во 2014

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *