Повик за набљудувачи и преведувачи за Претседателските избори во Македонија

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање од Скопје, во соработка со данската организација СИЛБА и граѓанската асоцијација МОСТ, има потреба од 15 волонтери од Македонија, кои на 12-ти и 13-ти април 2014 ќе бидат дел од набљудувачкиот процес на првиот круг од Претседателските избори.

Волонтерите треба да имаат наполнето 18 години, да имаат солидно познавање на англискиот јазик и да се подготвени да учествуваат во сите активности пред изборниот и за време на изборниот ден.

Учесниците ќе се здобијат со нови искуства и знаења  за демократскиот процес на избирање на Претседател на државата, за политичката ситуација во Македонија, како и за начинот и техниките на набљудување на избори во Македонија и во странство. Ова ќе го стекнат преку професионални обуки, предавања и презентации кои ќе бидат органзирани на 12-ти април од страна на искусни домашни и странски набљудувачи. Учесниците ќе имаат можност и на терен, на 13-ти април за време на изборниот ден, да бидат дел од набљудувачкиот процес во некои од изборните единици во државата.

Покрај предавањата и обуките, учесниците ќе имаат можност да се запознаат, дружат и да ја презентираат македонската култура на десетината дански волонтери кои ќе учествуваат во набљудувачкиот процес.

Трошоците за храна и превоз за време на сите активности ќе бидат покриени од страна на организаторите.

Доколку сте заинтересирани да учествувате во набљудувачкиот процес, пополнете го апликациониот формулар, најдоцна до недела, 23-ти март 2014.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *