Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање (НЕЛ) од Скопје на 7-ми декември (сабота), во хотел Континентал, ќе организира еднодневен семинар за активно граѓанство, во рамките на проектот “Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен Балкан“, подржан од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија.
На семинарот ќе земат учество 30 претставници од различни невладини организации, политички партии, синдикати, како и младински и просветни работници кои ќе имаат можност да присуствуваат на работилници за граѓанско образование и истражување на перцепциите за поимот граѓанство и европско граѓанство. Учесниците на работилницата ќе имаат прилика да дискутираат и да се здобијат со повеќе знаење за политиката на ЕУ и активното учество на возрасните и младите во поттикнување на чувство за граѓанство меѓу локалното население.
Целта на овој семинар е да поттикне подобро разбирање на поимите Граѓанство и Европско граѓанство меѓу учесниците; да го промовира граѓанското учество во демократскиот живот и да го истражи јавното мислење и степенот на информираност на учесниците за Европското граѓанство преку анкета.
Учеството на семинарот е бесплатно и е отворено за сите оние кои имаат желба да бидат дел од него и се сметаат за компетентни да земат учество во неговата реализација.
Активностите ќе започнат во 9 часот, а ќе завршат во 15 часот. За време на семинарот ќе бидат обезбедени кафе пауза и ручек за сите учесници.
Проектот “Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен Балкан“ е заедничка активност меѓу невладини организации од Македонија, Албанија, Полска, Германија, Обединетото Кралство и Србија.
Целиот проект ќе трае 17 месеци и вклучува активности, семинари и работилници во Македонија, Албанија, Германија и Србија, како и изготвување на публикација во која ќе бидат анализирани резултатите од анкетите за истражување на перцепцијата на поимот граѓанство и граѓанската улога во демократскиот живот во Македонија, Албанија и Србија.
Повеќе информации за целиот проект може да се најдат на веб сајтот www.active-citizens.org.
Доколку сакате да учествувате на еднодневниот семинар пополнете го апликациониот формулар, најдоцна до 29-ти ноември 2013.
Со почит,
Асоцијација НЕЛ
Pingback: izlez.mk