Повик за учесници за еднодневен семинар за родови односи во Скопје

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање (НЕЛ) од Скопје на 16-ти ноември (сабота) во Клубот ГЕМ (над Менада во Стара чаршија) ќе организира еднодневен семинар за родови односи, во рамките на проектот „Човечкиот фактор“ (The Human Factor), подржан од Европската Фондација за Млади (European Youth Foundation).

На семинарот ќе земат учество 30 млади луѓе кои ќе имаат можност да дискутираат на различни теми за родовите односи на локално, национално и интернационално ниво, како и да споделуваат знаења, искуства и идеи за надминување на разликите, дискриминацијата, родовата нееднаквост, нетолеранцијата и родовото насилство.

Учеството на семинарот е бесплатно и е отворено за сите млади луѓе кои имаат желба да бидат дел од него. Активностите ќе се базираат на неформалното образование, а во рамките на проектот ќе биде презентиран и календар кој ја промовира родовата еднаквост.

Активности ќе започнат во 10 часот, а ќе завршат во 15 часот. За време на семинарот предвидени се кафе и ручек пауза.

Во продолжение прочитајте повеќе детали за темата и целите на семинарот „Човечкиот фактор“, а доколку сакате да се пријавите, пополнете го апликациониот формулар прикачен подолу, најдоцна до 12-ти ноември.

Иако живееме во нов свет на промени и демократија, многу жени сеуште претрпуваат дискриминација, живеат во сиромаштија и мораат да се борат за да ги добијат своите основни човекови права. Има многу прекршувања на правата поврзани со родовите односи насекаде низ светот, но сите тие имаат едно заедничко: жените како жртви на родово насилство. Многу човекови права се нарушени на многу жени ширум светот.

Сите овие проблеми имаат директен удар врз младите луѓе, додека локалната младинска работа нуди структура од која тие може да имаат некоја придобивка. Една од главните цели на „Човечкиот Фактор“ е да ја рашири идејата дека младите луѓе можат (и треба) да превземат акции за родова еднаквост и да се борат против секоја форма на родова нееднавост, дискриминација и нетолеранција. Како што стојат работите, со активноста на младите луѓе на локално ниво тие можат со своето дејствување да ги променат работите во нивното опкружување, наместо да чекаат некоја голема државна стратегија за борба со родовото насилство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *