Повик за средношколци за учество на еднодневен семинар за европско граѓанство во Скопје

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање (НЕЛ) на 7-ми декември (сабота), во средното угостителско училиште “Лазар Танев”, ќе организира еднодневен семинар за активно граѓанство, во рамките на проектот “Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен Балкан“, подржан од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија. 

На семинарот ќе земат учество 30 средношколци кои ќе имаат можност да присуствуваат на работилници за граѓанско образование и истражување на перцепциите за поимот граѓанство и европско граѓанство. Учесниците на работилниците ќе имаат прилика да дискутираат и да се здобијат со повеќе знаење за политиката на ЕУ и активното учество на возрасните и младите во поттикнување на чувство за граѓанство меѓу локалното население, како и да се дружат со своите врсници.

Целта на овој семинар е да поттикне подобро разбирање на поимите Граѓанство и Европско граѓанство меѓу учесниците; да го промовира граѓанското учество во демократскиот живот и да го истражи јавното мислење и степенот на информираност на учесниците за Европското граѓанство преку анкета.

Учеството на семинарот е бесплатно и е отворено за сите средношколци кои сакаат да бидат дел од него.

Активностите ќе започнат во 10 часот, а ќе завршат во 16 часот. За време на семинарот ќе бидат обезбедени кафе пауза и ручек за сите учесници.

Active European Citizenship for Democracy and Participation: Bridging EU and Western BalkansПроектот “Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен Балкан“ е заедничка активност меѓу невладини организации од Македонија, Албанија, Полска, Германија, Обединетото Кралство и Србија. 

Целиот проект ќе трае 17 месеци и вклучува активности, семинари и работилници во Македонија, Албанија, Германија и Србија, како и изготвување на публикација во која ќе бидат анализирани резултатите од анкетите за истражување на перцепцијата на поимот граѓанство и граѓанската улога во демократскиот живот во Македонија, Албанија и Србија.

Повеќе информации за целиот проект може да се најдат на веб сајтот www.active-citizens.org.

Доколку сакате да учествувате на еднодневниот семинар пополнете го апликациониот формулар, најдоцна до 30-ти ноември 2013.

Со почит,

Асоцијација НЕЛ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *