Повик за учесници на работилница за активно граѓанство

Асоцијација НЕЛ објавува отворен повик за учесници од Македонија за учество на меѓународна работилница за демократија и активно граѓанство, која ќе се одржи на филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во Скопје од 3-ти до 6-ти јуни 2016.

Меѓународната работилница е продолжение на проектот “Хомоеуропеанус“, кој е подржан од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија.

На работилницата во тридневната програма ќе ги истражуваме темите на демократскиот процес, миграцијата и миграционите политики, за политичката ситуација во Македонија, младински активизам и инклузивност. Работилниците ќе помогнат да се развијат практични совети за како да се поттикне граѓанскиот ангажман и активно учество на граѓаните на локално и европско ниво, но и да даде повратни информации за влијанието на политиките на ЕУ врз активното граѓанство.

Работилницата ке вклучува предавања, презентации и дебати кои ќе бидат водени од страна на искусни домашни презентери со меѓународно искуство.

Рокот за аплицирање е до 29-ти мај, а формуларот за аплицирање може да го најдете овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *