Повик за учество на проект за активно граѓанство со видео клип

Асоцијација НЕЛ објавува отворен повик за учесници од Македонија за учество на меѓународен краток видео проект за активно граѓанство со свој краток клип (видео) во проектот “Хомоеуропеанус“, кој е подржан од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија. Повикот нема старосно ограничување.

Видеото треба да е оргинално, креативно, не подолго од 3 минути и истото може да биде снимено на македонски или англиски јазик или воопшто да нема зборување. Видеото може да биде анимација.

Видео клипот треба да ги адресира некои од следниве цели:

  • зголемување на мотивацијата на граѓаните/младите за активно да учествуваат во градењето на иднината на Европа,
  • да го изразува младинското или граѓанското мислење за ЕУ во врска со приоритетите на ЕУ поврзани со развојот на Европа,
  •  да ги охрабрува граѓаните да развијат иновативен инструмент за демократија,
  • да ја изразува поврзаноста на граѓаните со Европа.

На повикот учествуваат млади од Словачка, Хрватска, Италија, Бугарија, Летонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Шпанија и Македонија во национални повици.

Рокот за аплицирање со сопствено кратко видео е до 7-ми октомври, а истото може да ни го испратите (share) на contact@pel.mk со наслов Краток клип за Хомоеуропеанус.

Најдобрите 3 кратки видеа ке бидат наградени со учество на меѓународна обука, младинска размена или конференција во Македонија/Европа.

Заинтересираните кои не се во можност да снимаат сами а имаат идеја, може да се пријават најдоцна до 7-ми октомври на contact@pel.mk со наслов Волонтер за Хомоеуропеанус и заедно со нашите волонтери ке направат/снимаат видео клипови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *