Професионалци, активисти и средношколци за активно европско граѓанство

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање, викендов, во Скопје организираше два еднодневни семинари за активно европско граѓанство за демократија и учество и спроведе анкета за истражување на перцепцијата на поимот граѓанство и граѓанската улога во демократскиот живот во Македонија.

Семинарите имаа за цел да поттикнат подобро разбирање на поимите граѓанство и европско граѓанство меѓу учесниците, како и да го промовираат граѓанското учество во демократскиот живот.

Во два одвоени семинари, одржани во хотелот „Континентал“ и средното угостителско училиште „Лазар Танев“, земаа учество 30 средношколци и 30 претставници и активисти од различни невладини организации, политички партии, синдикати, како и младински и просветни работници.

Учесниците на работилниците имаа можност да дискутираат и да се здобијат со повеќе знаење за политиката на ЕУ и активното учество на возрасните и младите во поттикнувањето на чувство за граѓанство меѓу локалното население.

Додека повозрасните дебатираа за улогата на граѓаните, заштитеноста на граѓанските права и евроинтеграциите на Македонија, средношколците преку креативни неформални работилници имаа можност да научат повеќе за поимите граѓанство и граѓанин, правата и обврските на граѓаните, историскот развиток на граѓанските права, како и да понудат конкретни планови за активно учество на младите.

Skopje Action Day

Проектот “Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен Балкан“ е заедничка активност на 6 организации од Македонија (Асоцијација за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ), Албанија (Beyond Barriers), Србија (Balkan Idea), Полска (Robert Schuman Foundation), Англија (АSHA Foundation) и Германија (European Intercultural Forum). Проектот е финансиран од програмата „Europe for Citizens“ (Европа за граѓаните) на Европската Комисија, трае 17 месеци и се состои од повеќе активности кои ќе бидат реализирани во Македонија, Србија, Албанија и Германија.

Повеќе информации за целиот проект може да се најдат на веб сајтот www.active-citizens.org.

3 comments to “Професионалци, активисти и средношколци за активно европско граѓанство”
3 comments to “Професионалци, активисти и средношколци за активно европско граѓанство”
  1. Pingback: Association for Progress, Education and Lobbying » Повик за учесници за регионален состанок во Скопје

  2. Pingback: Повик за учесници за конференција за активно европско граѓанство

  3. Pingback: 7 activities, 6 partners, 1 succesful project on Active European Citizenship

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *