ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОНЛАЈН ОБУКИ ЗА МЛАДИНСКИ РАБОТНИЦИ

Асоцијација за напредок, едукација и лобирање НЕЛ – Скопје, објавува отворен повик за учество на онлајн обуки за младински работници. 

Обуките ќе се одржат во рамките на проектот “African and European Women in Action – AEWiA” финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија и предводен од организацијата SOS Europa од Италија.

Средбите ќе се одржат на следниве датуми:

  • 21ви ноември
  • 19ти декември
  • 16ти јануари

Обуките се отворени за младински работници, едукатори, фасилитатори и други професионалци кои работат со млади и кои сакаат да ги унапредат своите вештини и да придонесат кон креирање иновативни решенија за млади.

За време на обуката ќе имате можност да соработувате со младински работници од Италија, Македонија, Малта, Кенија и Нигерија.

Доколку сте заинтересирани за учество на една, или повеќе обуки, можете да се пријавите на следниов линк најдоцна до 17ти ноември.