ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на Меѓународен настан „Youth Will Be Free“

Придружете ни се на меѓународниот настан „Youth Will Be Free“, финансиран од Еразмус+ на Европската Комисија и предводен од организацијата SOS Europa од Италија, кој има за цел да ја промовира поддршката, инклузијата и реинтеграцијата на младите во ризик и младите лица по издржување на затворска казна.

На настанот ќе се споделуваат искуства, добри практики и иновативни решенија за:

  • социјална инклузија на младите во ризик,
  • рехабилитација и развој на вештините кај младите во ризик и затвореници по издржување на затворска казна,
  • превензија и поддршка на млади во ризик.

🎯 Цел на настанот:
Размена на знаења, искуства и партнерства за подобри системски решенија.

👥 Кого покануваме?

  • младински организации,
  • институции и центри за социјална работа,
  • правосудни и образовни институции,
  • професионалци од областа на социјалната инклузија и менталното здравје,
  • активисти и млади лидери,
  • сите заинтересирани за темата.

📅 Датум и локација: Граѓански ресурсен центар, 11.12.2025, со почеток во 10ч,
🔗 Пријавување и агенда