ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ЛОКАЛНА РАБОТИЛНИЦА – ГРАДЕЊЕ НА САМОДОВЕРБА КАЈ ДЕЦАТА

Дали вашето дете се занимава со спорт? Сакате да му помогнете да верува повеќе во себе и да го ужива секој тренинг? Тогаш оваа работилница е токму за него/нејзе!

Оваа работилница е специјално дизајнирана за деца од 3 до 5 одделение кои се занимаваат со спорт. Преку интерактивни активности и практични алатки, децата ќе ја зајакнат својата самодоверба, ќе научат да веруваат во себе и да уживаат во спортот. 
Во последните 15 минути од работилницата, родителите се поканети да се приклучат, каде што ќе добијат конкретни препораки и алатки за тоа како дома да ја поддржат и развијат самодовербата кај своите деца.

Затоа, работилницата е одлична можност не само за децата, туку и за целото семејство – бидејќи градењето на самодоверба е тимска работа!

Оваа работилница е дел од проектот PERSOL, финансиран од програмата Erasmus+ на Европската Унија, кој има за цел градење на психолошка отпорност кај спортистите преку алатки за личен развој.  

📅 Датум: 21.05.2026,
🕕 Термин:  18:00 – 20:00 часот
📍 Локација: Граѓански Ресурсен Центар, Бул. Климент Охридски бр. 21, Скопје
🎓 Намена: Деца од 3 до 5 одделение

Фасилитатори: Д-р Фросина Денкова Зафировска и Д-р Софија Георгиевска – психолози и S.F.E.R.A. ментални тренери, дел од Психолошкиот центар Психограм.

Учеството е БЕСПЛАТНО, но местата се ограничени.

АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР