„Можам сè. Ама морам ли?“ – Невидливиот психолошки товар на современата жена
Во рамките на проектот African and European Women in Action – AEWiA, ве покануваме на онлајн интерактивна локална работилница посветена на предизвиците со кои се соочуваат жените во секојдневниот живот. Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија и предводен од организацијата SOS Europa од Италија. Проектот ја промовира улогата на жените во заедницата, меѓукултурниот дијалог и користењето на знаењата и искуствата на жените како ресурс за одржлив развој.
Колку често чувствуваме дека мораме да бидеме успешни во сè? Да ги исполниме очекувањата на другите, да бидеме совршени во сите улоги што ги имаме и да продолжиме понатаму, дури и кога сме уморни?
На работилницата ќе разговараме за невидливиот психолошки товар на современата жена, притисокот да се постигне совршенство, општествените очекувања и чувството на вина што често се јавува кога ќе кажеме „НЕ“.
Преку интерактивни и креативни активности, ќе имаме можност да ги препознаеме сопствените потреби, да размислиме за границите што ги поставуваме и да научиме дека грижата за себе не е себичност, туку неопходност.
Што нè очекува?
- Да научиме како да го препознаеме товарот што го носиме секојдневно.
- Како да одредиме на што го трошиме нашето време и енергија.
- Како да поставиме лични граници без чувство на вина.
📅 Датум: 4 ноември 2026 година (среда)
🕔 Време: 17:00 часот
📍 Локација: онлајн на Zoom
Доколку сте заинтересирани да учествувате на нашата работилница, пријавете се на следниов линк, најдоцна до среда 03.11.
