ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ЗА ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА

Асоцијација за напредок, едукација и лобирање НЕЛ – Скопје објавува отворен повик за учесници на онлајн работилница во рамките на проектот “Free To Be” финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

Работилницата ќе се одржи на 13 април 2024 година во периодот од 10 до 16 часот.

Еднодневната работилница е наменета за сите оние кои сакаат да учествуваат во изработката на насоките за онлајн промоција на интеркултурниот дијалог помеѓу младите луѓе.

Услов за учество е пријавените да имаат над 18 години и да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот. Учесниците ќе добијат и сертификат за учество на работилницата.

Своето место можете да го резервирате на следниов линк, каде воедно можете да прочитате и повеќе детали за проектот.