ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОНЛАЈН ЛОКАЛНА РАБОТИЛНИЦА „ЖЕНА ЗАД УЛОГИТЕ“

Во рамките на проектот African and European Women in Action – AEWiA, ве покануваме на втората онлајн работилница од серијалот „Жена зад улогите“, насловена  „Сè е под контрола, а како сум јас?“ – Кога силните жени тивко се исцрпуваат.

Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија и предводен од организацијата SOS Europa од Италија. Проектот ја промовира улогата на жените во заедницата, меѓукултурниот дијалог и користењето на знаењата и искуствата на жените како ресурс за одржлив развој.

Колку често велиме дека сè е во ред, продолжуваме со секојдневните обврски и се грижиме сите околу нас да бидат добро, додека сопствените потреби ги оставаме настрана?

Овојпат, фокусот ќе биде ставен на стресот, емоционалната исцрпеност и burnout, како и на препознавањето на сопствените емоции, потреби и граници. Ќе разговараме за притисокот постојано да бидеме силни, организирани и достапни за сите, но и за важноста навреме да препознаеме кога ни е потребен одмор и поддршка.

Преку интерактивни и креативни вежби ќе имаме можност да застанеме, да се посветиме на себе и да размислиме за сопствената благосостојба. Ќе ја истражиме нашата „психолошка батерија“, ќе размислиме што се крие зад честото „Добро сум“ и ќе си дадеме простор да си упатиме неколку искрени зборови преку лично писмо до себе.

Оваа работилница е покана да забавиме, да се слушнеме себеси и да се потсетиме дека и силните жени имаат потреба од одмор, грижа и поддршка.

📅 Датум: 11 ноември 2026 година (среда)
🕔 Време: 17ч.
💻 Формат: Онлајн преку Zoom

Доколку сте заинтересирани да учествувате на нашата работилница, пријавете се на следниов линк, најдоцна до вторник 10 ноември.