Асоцијација за напредок, едукација и лобирање НЕЛ – Скопје објавува отворен повик за учесници на онлајн работилница во рамките на проектот “Free To Be” финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.
Работилницата ќе се одржи на 10 април 2025 година со почеток во 17 часот.
Оваа работилница е наменета за сите оние кои сакаат да направат некаква промена во својата заедница и да откријат нови начини за промоција на слободата и инклузивноста.
Услов за учество е пријавените да имаат над 18 години и да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот. Учесниците ќе добијат и сертификат за учество на работилницата.
Своето место можете да го резервирате на следниов линк, каде воедно можете да прочитате и повеќе детали за проектот и самата работилница.
