Придружете ни се на меѓународниот настан „Youth Will Be Free“, финансиран од Еразмус+ на Европската Комисија и предводен од организацијата SOS Europa од Италија, кој има за цел да ја промовира поддршката, инклузијата и реинтеграцијата на младите во ризик и младите лица по издржување на затворска казна.
На настанот ќе се споделуваат искуства, добри практики и иновативни решенија за:
- социјална инклузија на младите во ризик,
- рехабилитација и развој на вештините кај младите во ризик и затвореници по издржување на затворска казна,
- превензија и поддршка на млади во ризик.
🎯 Цел на настанот:
Размена на знаења, искуства и партнерства за подобри системски решенија.
👥 Кого покануваме?
- младински организации,
- институции и центри за социјална работа,
- правосудни и образовни институции,
- професионалци од областа на социјалната инклузија и менталното здравје,
- активисти и млади лидери,
- сите заинтересирани за темата.
📅 Датум и локација: Граѓански ресурсен центар, 11.12.2025, со почеток во 10ч,
🔗 Пријавување и агенда
