Локална работилница во Скопје

Отворен е повик за учесници на локална работилница за изработка на видеа што ќе се одржи на 6-ти август 2019 година со почеток од 17 часот.

За време на работилницата учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основите на креирање видеа со користење на мобилна апликација и потоа стекнатото знаење да го преточат во видео.

Сите заинтересирани можат да присуствуваат на работилницата со пополнување на следниов формулар најдоцна до 5-ти август 2019 година.