Асоцијацијата за Напредок, Едукација и Лобирање – НЕЛ во соработка со Seavus Едукативен и Развоен Центар, во среда, 2-ри октомври, во рамките на Skopje Design Week 2013 ќе одржи креативна работилница за дизајн на производи и изработка на сувенири.
Креативната работилница ќе се одржи во Куршумли Ан, приземје, соба бр.3 од 17:00 до 20:00 часот.
На работилницата учество ќе земат членовите и волонтерите на НЕЛ, како и сите заинтересирани млади лица.
Доколку сакате да бидете дел од креативната работилница и да научите да создавате интересни производи и сувенири, пополнете ја контактната форма со назнака „Учество на креативна работилница“.
[contact-form-7 404 "Not Found"]