ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ЗА ОНЛАЈН МЕЃУНАРОДНИ ФОРУМИ

Отворен повик за учество на онлајн меѓународни форуми во рамките на проектот African and European Women in Action – AEWiA, финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија и предводен од организацијата SOS Europa од Италија. Овие форуми се посветени на зајакнување на улогата на жените во меѓукултурниот дијалог меѓу Европа и Африка преку афирмација на нематеријалното културно наследство.

Целите на проектот се:
– да се зголеми знаењето, вештините и интердисциплинарните способности на жените во користење на нематеријалното наследство како алатка за одржлив развој;
– да се поттикне споделувањето на знаења и традиции поврзани со улогата на жените во заедницата;
– и да се унапредат вештините за застапување и вмрежување преку користење на дигитални алатки.

Онлајн форумите ќе овозможат размена на искуства, идеи и добри практики меѓу жени од Африка и Европа и истите ќе се одржат на:

  • 1: Women and Family → 4ти ноември од 15 до 17 часот

  • 2: Women and Family → 6ти ноември од 15 до 17 часот

  • 3: Women and Economy → 11ти ноември од 15 до 17 часот

  • 4: Women and Economy → 13ти ноември од 15 до 17 часот

  • 5: Women and Society → 18ти ноември од 15 до 17 часот

  • 6: Women and Society → 20ти ноември од 15 до 17 часот

За учество е потребно да се пополни формата на следниов линк, најдоцна до 3ти ноември.