Повик за учесници на локална работилница

Асоцијација за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ – Скопје објавува повик за учесници на локална работилница на тема родова еднаквост која ќе се одржи на 30-ти јули 2019 година во просториите на филолошки/филозофски факултет од 18 часот.

Работилницата е дел од проектот “Gender Out of The Box” финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

За време на работилницата учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за проектот, за родовата еднаквост, како и да дискутираат за предизвиците со кои младите се соочуваат во тинејџерските години. Исто така учесниците ќе можат да дознаат повеќе и за Еразмус+ програмата и начинот на кој можат да учествуваат во истата.

Доколку сакате да учествувате на оваа работилница пополнете го формуларот најдоцна до 25-ти јули 2019 година