ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Асоцијација НЕЛ-Скопје ќе одржи локална работилница за одржлив развој и волонтирање.

Работилницата ќе се одржи на 24 јули 2018 година во Јавна Соба, од 18:30 до 20:30 часот.

Локалната работилница е дел од проектот “Experience EuroAsia and Empower”, кој е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

За време на работилницата ќе имате можност да слушнете и да дознаете повеќе за одржлив развој во урбана средина од локален експерт, а воедно ќе можете и да се информирате околу самиот проект и волонтирањето.

Доколку сакате да бидете дел од работилницата, пополнете ја контактната форма со назнака „Учество на локална работилница“ најдоцна до 20 јули 2018 година и испратете ни ја на contact@pel.mk