ОДРЖАНА КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО РАМКИ НА SKOPJE DESIGN WEEK 2013

Асоцијацијата за Напредок, Едукација и Лобирање – НЕЛ во соработка со Seavus Едукативен и Развоен Центар, на 2-ри октомври одржа креативна работилница за цртање, сликање, дизајн на производи и изработка на сувенири во рамките на Skopje Design Week 2013 .

Работилницата се одржа во просториите на Куршумли Ан со почеток во 17 часот.

На креативната работилница учествуваа 20 млади луѓе на кои им беа претставени техники на цртање и сликање а воедно имаа можност и да научат да работат со дрво и гипс како и да создаваат интересни производи и сувенири.