ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА РАБОТИЛНИЦА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Асоцијација НЕЛ-Скопје ќе одржи локална работилница за социјално претприемништво која ќе се одржи на 30-ти октомври 2018 година во просториите на филолошки факултет од 17 часот и е наменета за млади жени на возраст од 15-30 години.

Работилницата е дел од проектот “Wake Up – Start Up” финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

За време на работилницата учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за проектот како и да слушнат повеќе за тоа како да започнат сопствен бизнис, кои се можностите, законите и условите за социјално претприемништво и како се изработува бизнис план.

Доколку сакате да бидете дел од оваа работилница, потврдете го вашето учество на contact@pel.mk најдоцна до 29-ти октомври.