ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ДИГИТАЛНО СПИСАНИЕ

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање НЕЛ – Скопје во соработка со асоцијацијата Pi Youth од Турција, објавува повик за волонтери кои сакаат да работат на изработка на дигитално списание за млади.

Списанието има за цел да им ги доближи на младите локалните, националните и интернационалните проекти и можности за волонтирање, како и да ги сподели волонтерските искуства на голем број млади луѓе ширум Европа.

За таа цел, потребни ни се волонтери на возраст над 15 години кои би сакале да бидат дел од нашиот волонтерски тим кој ќе работи на креирање содржини за потребите на списанието.

За потребите на тимот бараме:

  • автори на текстови (може да се побара пример од напишан текст од кандидатот во процесот на избирање на кандидатите)
  • дизајнери (пожелно е основно познавање на Canva и/или Adobe Photoshop/Illustrator)
  • преведувачи (потребно е познавање на англискиот јазик)
  • креатори на креативни содржини за млади
  • уредници

Доколку имате желба да пишувате текстови, правите интервјуа, фотографирате, или пак сакате да бидете уредник или дизајнер на нашето дигитално списание, а воедно да ги збогатите вашето знаење и да ги развиете вашите дигитални вештини, не пропуштајте ја можност да бидете дел од нашата организација.

За да се пријавите пополнете го следниов формулар најдоцна до 25ти август 2021 г.:

АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР

За какви било дополнителни прашања контактирајте нè на contact@pel.mk.