Анкета за Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП)

Во рамките на изработката на вториот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП), за периодот од 2016-2021 на Општина Кисела Вода, општината изработи анкета со цел да го добие мислењето на јавноста во врска со актуелните и приоритетни еколошки проблеми во општината.

Вклучувањето на јавноста во изработката на ЛЕАП-от е од суштинско значење за граѓаните и нивната животна средина, поради што ја повикуваме целата јавност да се вклучи во процесот на дефинирање на опишување на актуелните и приоритетни еколошки проблеми во општината.

Прашалникот е анонимен и цели кон истражување на граѓанската перцепцијата на поимот екологија и заштита на животната средина.

Асоцијација НЕЛ како организација која подржува и промовира граѓански активизам, ја споделува анкетата на општината.

Ви благодариме за соработката,

Асоцијација НЕЛ

Можете да го дадете својот придонес преку пополнување на онлајн анкетата на следниот линк:

ПРАШАЛНИК

 

Leave a Reply