Повик за 10 ЕВС волонтери во Варшава, Полска

Доколку сте на возраст од 18 до 30 години и имате желба да стекнете нови знаења, вештини, искуства и пријателства, тогаш пријавете се да волонтирате 10 месеци во Варшава, Полска.

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ објавува отворен повик за 10 волонтери, кои во рамките на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС), почнувајќи од септември 2015-та, ќе волонтираат 10 месеци во Фондацијата Роберт Шуман и центри за лица со посебни потреби.

ЕВС проектот и волонтерските места ќе се фокусираат на социјална грижа и посебна едукација на деца, како и работа со лица со посебни потреби.

2 волонтери во Специјализирана градинка за деца со оштетен вид во Варшава

Времетраење на волонтирањето: 10 месеци
Дата на започнување на волонтирањето: Септември 2015
Повеќе информации за местото на волонтирање:
http://europa.eu/youth/vp/organisation/58001179091_en 

3 волонтери во Специјализирана градинка за деца во Варшава

Времетраење на волонтирањето: 10 месеци
Дата на започнување на волонтирањето: Септември 2015
Повеќе информации за местото на волонтирање:
http://europa.eu/youth/vp/organisation/945041610_en 

3 волонтери во Специјализирана градинка за деца во Варшава

Времетраење на волонтирањето: 10 месеци
Дата на започнување на волонтирањето: Септември 2015
Повеќе информации за местото на волонтирање:
http://europa.eu/youth/vp/organisation/944083541_en 

2 волонтери во Организација за грижа на слепи лица во Ласки (близу Варшава)

Времетраење на волонтирањето: 10 месеци
Дата на започнување на волонтирањето: Септември 2015
Повеќе информации за местото на волонтирање:
http://europa.eu/youth/vp/organisation/58001612395_en 

Варшава

Трошоците за сместување, храна, повратната карта до Варшава, локалниот превоз, здравствено осигурување, како и џепарлак за време на престојот се целосно покриени од страна на организаторите преку програмата Еразмус+ на Европската Комисија. Покрај ова, ќе имате можност за бесплатен курс по полски јазик, а на крајот од проектот ќе добиете Youthpass, сертификат кој ќе го потврди вашето волонтерско искуство и новите вештини и знаења со кои сте се стекнале.

EVS

Услов за учество е волонтерот да има силна желба да земе активно учество за време на целото времетраење на ЕВС проектот, да биде способен да комуницира на англиски јазик и да има желба да го научи полскиот јазик. Предност ќе имаат оние лица кои веќе имаат некое основно познавање на полскиот јазик.

! Напоменуваме дека не е потребно претходно волонтерско искуство или работа со лица со посебни потреби.

Краток опис за местата за волонтирање и очекуваната работа за време на проектот, можете да најдете ОВДЕ.

Доколку сте заинтересирани да земете учество во овој ЕВС проект, тогаш испратете пополнет апликационен формулар на info.evs@schuman.pl со назнака „APPLICATION 2015 – from Association PEL“, најдоцна до 6-ти јануари 2015.

АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР

При испраќањето на апликациониот формулар, доколку сакате можете дополнително да испратите и други документи, лични презентации, видеа, фотографии или мотивационо писмо.

Апликациониот формулар, дополнителните документи и комуникацијата со полската организација мора да бидат на англиски јазик.

2 Comments

on “Повик за 10 ЕВС волонтери во Варшава, Полска
2 Comments on “Повик за 10 ЕВС волонтери во Варшава, Полска
  1. Pingback: Асоцијација НЕЛ во 2014-та година - Association for Progress, Education and Lobbying

  2. Pingback: Активностите на Асоцијација НЕЛ во 2014

Leave a Reply