Асоцијација НЕЛ реакредитирана за Европскиот Волонтерски Севис

Асоцијацијата за Напредок, Едукација и Лобирање (НЕЛ) има посебна чест да ве извести дека е реакредитирана како организација која може да испраќа, координира и прима волонтери во рамките на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС), програма на Европската Комисија со која работиме од 2004-та година.

Акредитацијата (2013-SI-102) ќе важи во наредните 3 години, при што ќе бидеме во можност да испраќаме млади луѓе од 18 до 30 години да волонтираат во огранизации во странство, како и да го координираме нивното волонтирање. Покрај ова, ќе имаме можност да бидеме домаќини на волонтери од странство кои имаат желба да бидат дел од нашите проекти.

Европскиот Волонтерски Сервис, претходно како дел од програмата „Млади во Акција“ (2007-2013), а сега како дел од програмата „Еразмус +“ (2014-2020) на Европската Комисија, има за цел да ги поддржи младите луѓе и нивното учество во различни видови непрофитни и волонтерски активности во странство.

ЕВС е одлична можност за вас да се здобиете со работно искуство во некоја од Европските држави, да запознаете нови пријатели, стекнете нови способности и придонесете за развој на локалните заедници.

Да се биде волонтер во друга земја значи работење на интересен проект по ваш избор при што нема да примате плата, но ќе ви биде обезбеден месечен надомест кој ги покрива сите ваши трошоци за живеење. Трошоците за сместување, храна, интернационален и локален превоз поврзани со вашиот проект, здравствено осигурување и џепарлак се покриваат од страна на програмата „Еразмус Плус“. Покрај ова, имате можност и за бесплатен јазичен курс кој ќе ви помогне да работите и живеете во државата која сте ја избрале како дестинација.

Доколку сакате да дознаете повеќе за Европскиот волонтерски сервис, слободно може да не контактирате на contact@pel.mka за да дознаете за сите наши понатамошни активности, следете ја нашата Фејсбук фан страна

EVS

7 Comments

on “Асоцијација НЕЛ реакредитирана за Европскиот Волонтерски Севис