Повик за едногодишен ЕВС проект во Варшава

Доколку сте на возраст од 18 до 30 години и имате желба да стекнете нови знаења, искуства и пријателства,  тогаш не ја пропуштајте оваа одлична можност да волонтирате една година во Варшава, Полска.

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање има потреба од еден волонтер, кој во рамките на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС), почнувајќи од ноември 2014-та ќе помине една година во Фондацијата Роберт Шуман.

ВаршаваТрошоците за сместување, храна, повратната карта до Варшава, локалниот превоз, здравствено осигурување, како и џепарлак за време на престојот се целосно покриени од страна на организаторите. Покрај ова, ќе имате можност за бесплатен курс по полски јазик, а на крајот од проектот ќе добиете Youthpass, сертификат кој ќе го потврди вашето волонтерско искуство и новите вештини и знаења со кои сте се стекнале.

Услов за учество е волонтерот да биде способен да комуницира на англиски јазик и да има желба да го научи полскиот јазик. Повеќе детали за проектот, начинот на аплицирање и апликационен формулар можете да најдете ОВДЕ.

Доколку имате дополнителни прашања, испратете мејл на evs@pel.mk со назнака „ЕВС во Варшава“, најдоцна до 30-ти октомври 2014.

Leave a Reply