ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ЗА ОНЛАЈН ОБУКА

Асоцијација за напредок, едукација и лобирање НЕЛ – Скопје објавува отворен повик за учесници на онлајн обука во рамките на проектот “Free To Be” финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

Обуката ќе се одржи на 25 ноември 2023 година во периодот од 10 до 18 часот.

Еднодневната обука е наменета за сите оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини за онлајн промоција на интеркултурниот дијалог.

Услов за учество е пријавените да имаат над 18 години и да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот. Дополнително учесниците ќе имаат можност да бидат дел и од останатите настани во рамките на проектот.

Своето место можете да го резервирате на следниов линк, каде воедно можете да прочитате и повеќе детали за проектот.