ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ

Младинска општествена иновација за издржливост – волонтирај за подобар свет!

”Но, ако твоето срце навистина чука заедно со она на хуманоста, ако имаш слух за Животот како вистински поет, тогаш газејќи низ ова море од тага чии бранови плискаат околу тебе, лице во лице со овие луѓе кои умираат од глад не можеш да останеш неутрален; ти ќе пријдеш и ќе ја прифатиш страната на угнетените, заради тоа што знаеш дека убавината, возвишеноста, духот на самиот живот се на страната на оние кои се борат за светлината, за човештвото, за правдата! Петар Кропоткин

‘’Можеш да кажеш дека сум мечтател
Но не сум единствениот
Се надевам еден ден ќе ни се придружиш
И светот ќе биде како една целина’’
Џон Ленон

Седум партнерски организации од седум европски земји создаваат возбудлива онлајн платформа за обука за промовирање на вклученоста на младите во иницијативи за одржливост. Проектот “Младинска општествена иновација за издржливост“ е проект финансиран од ЕУ во рамките на програмата Еразмус + кој има за цел комбинирање на младинското лидерство и одржливоста, како и олеснување на активното граѓанство на младите луѓе.

Зошто курс и зошто онлајн курс?

Според зборовите на големиот Нелсон Мандела: ”Образованието е најмоќното оружје што можете да го искористите за да го промените светот!”. Со доаѓањето на интернетот и дигиталната револуција во образованието, се одлучивме за онлајн курс – целта е да се поттикне што е можно поширока публика бесплатно, што ќе го направи курсот достапен за сите.

Зошто овој курс?

Онлајн платформата за учење, која е софтвер со отворен код, ни дава преглед на тоа како придонесуваме кон денешниот глобален систем на неправда и разуздан капитализам, и има за цел да ги обезбеди младите работници и младинците со разлни алатки за активно граѓанство и алтернативи за поетичко однесување кон планетата и луѓето. Преземи одговорност и делувај!

Како главен иновативен пристап, овој курс поттикнува соработка наместо натпревар. Обично курсевите и традиционалното образование поттикнуваат натпреварувачки дух и се засноваат на систем на оценување – ние, пак, ја негуваме соработката и заемната помош меѓу учениците како основа на нов систем во кој луѓето се поважни од профитот и економскиот раст. Учиме за да научиме, учењето ни е средство за да создадеме богат живот, учиме за да станеме двигатели на позитивна промена во општеството, кое инаку ги води луѓето на неетичко и несовесно однесување. Покрај тоа, курсот конкретно им се обраќа на младинските работници и на тој начин има мултиплицирачки ефект врз младите (во рок од една година од започнувањето на курсот сакаме да го посетат најмалку 1000 младински работници!). Станува збор за целосно бесплатен и интерактивен онлајн курс кој поттикнува учење преку искуство, меѓукултурни и меѓународни размени; интелектуално стимулативен и забавен во исто време, и ќе биде преведен на најмалку 7 јазици!

Придружете ни се во нашата заложба да создадеме социјално праведно и одржливо општество! Волонтирајте за подобар свет! Бараме:

ПРЕВЕДУВАЧИ ДОБРОВОЛЦИ (ако зборувате македонски, шведски, италијански или шпански и сакате да ни помогнете да го направиме курсот подостапен)

ТЕСТЕРИ (ако сте младински работник и сакате да бидете меѓу првите кои ќе го тестираат курсот)

Ве молиме контактирајте ја gabriela.andreevska@gmail.com ако сакате да дознаете повеќе за тоа како можете да се вклучите.

Leave a Reply