Можност за волонтирање во Португалија

Доколку сте на возраст од 18 до 30 години и имате желба да стекнете нови знаења, искуства и пријателства, тогаш не ја пропуштајте оваа одлична можност да волонтирате 30 дена во Португалија.

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање има потреба од еден волонтер, кој во рамките на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) ќе помине 30 дена во Пениш, туристички град на брегот на Атлантскиот океан. 

Пениш

Волонтерот во периодот од 1-ви до 31-ви март 2014 ќе работи заедно со социјални работници и аниматори во Центар за деца од 5 до 12 години.

Трошоците за сместување, храна, повратната карта до Португалија, локалниот превоз, здравствено осигурување, како и џепарлак за време на престојот се целосно покриени од страна на организаторите. Покрај ова, ќе имате можност за бесплатен јазичен курс, а на крајот од проектот ќе добиете Youthpass, сертификат кој ќе го потврди вашето волонтерско искуство.

Доколку сте заинтересирани да учествувате на овој проект или имате дополнителни прашања, испратете мејл на evs@pel.mk со назнака „ЕВС во Португалија“, најдоцна до 15 февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *