НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБРА РАЗГЛЕДНИЦА

Асоцијација НЕЛ – Скопје во рамките на проектот ”Swapping Cultures-Erasing Borders” кој е поддржан од Regional Youth Cooperation Office објавува повик за учесници на натпревар за најдобра разгледница.

Повикот е наменет за млади аматери од 16-25 години кои поседуваат вештини за графички дизајн и илустрации.

На повикот учествуваат млади од Албанија, Косово, Србија и Македонија во национални повици.

Темата за разгледницата е интеркултурен дијалог и интеркултурно учење во западно-балкански контекст.

Рокот за аплицирање е до 20-ти октомври до 12ч., а разгледниците можете да ни го испратите на balkanculturediversity@gmail.com со наслов Postcard competition.
Победниците ќе бидат објавени на 30-ти октомври 2018 година.

Критериуми за пријавување:

  • едно лице може да испрати една разгледница
  • разгледниците треба да бидат дигитални со димензии 148х105 мм (А6 формат) или поголеми
  • треба да бидат во JPG или PNG формат
  • разгледниците треба да бидат ваше оригинално дело
  • копии од интернет нема да се прифаќаат
  • разгледниците ќе останат авторско право на партнерите и ќе се користат за промовирање на проектот.

Награди:

  • Жири-комисија од 4 претставници од партнерските организации ќе одберат 4 победници, по еден од секоја земја.
  • Секој од победниците ќе добие награда од 50 евра и ќе има право бесплатно да учествува во еден од интернационалните настани наредната година. Нивните разгледници ќе бидат отпечатени и употребени за промовирање на проектот.
  • Исто така ќе бидат одбрани и 4 најдобри разгледници врз основа на најмногу добиени гласови на фејсбук.