ОДРЖАН ЕВАЛУАЦИОНЕН СОСТАНОК ВО СКОПЈЕ

Од 28-ми до 31-ви јули, Асоцијација НЕЛ – Скопје беше домаќин на евалуациониот состанок како дел од проектот “Experience EuroAsia and Empower” кој е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

Евалуациониот состанок е последната фаза од проектот на кој присуствуваа претставници од сите партнерски организации.

За време на состанокот учесниците имаа можност да дискутираат за изминатите активности што се одржаа во рамките на проектот, за исходот од истите како и за идните задолженија и планови.