ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ЗА ОБУКА ВО СКОПЈЕ

Асоцијација за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ – Скопје објавува повик за 4 учесника за обука на тема “Youth Work for Integration” што ќе се одржат на 8-ми, 9-ти и 10-ти септември 2021 година.

Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

За време на обуката ќе имате можност да ги проширите своите знаења и вештини за младинската работа како алатка за промоција и работа на интеграцијата на мигрантите и странците во својата заедница и општество, да споделувате мислења и искуства со млади од Европа, како и да дознаат повеќе за можностите поврзани со Еразмус+ програмата.

Услов за учество е пријавените да имаат од 18 до 30 години, да се мотивирани и подготвени да учествуваат во сите активности на проектот и да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот.

ВАЖНО: За учество на оваа обука задолжително е учесниците да се вакцинирани.

Доколку сакате да учествувате на оваа обука пополнете го следниов формулар.