Training Course in Manfredonia: Faith and Diversity – “New tools for Dialogue”

The training course Faith and Diversity – “New tools for Dialogue” was held from August 28 – 3 September in Manfredonia, Italy. The training was financed by the European Commission – Youth in Action 3.1 programme.

Participants from “PEL” were Aleksandar Cvetkovski – Cvele and Maja Gjurosvska.

Aim of the training was to study out most world religion, and to discover the messages that they keep in them, and to came up to the knowledge that the mayor message in all of the religions is same.

A visit to the street festival honoring “Maria di Siponto” was also included in the training, visits to the local Catholic churches honoring “Padre Pio”, Catholic saint that worked and rests in “San Giovani Rotondo”.

The experience which we gathered from the overall training (teachings and terrain visits) is key factor for the understanding of the meaning of the religious diversities and customs. This experience was shown imediately during the TC, where the combination of mixture of religions was sucessful.

 ___________________________________________________________________________________

Обука во Манфредонија: Верба и различност  – „Нови алатки за Дијалог“ (28.08-03.09 2012)

Тренингот наречен „Верба и различност – Нови алатки за дијалог“ се одржа од 28 август – 3 септември во Манфредонија – Италија. Тренингот беше под покровителство на Европксата Комисија – Youth in Action 3.1 програмата.

Учесници од „НЕЛ“ беа Александар Цветковски – Цвеле и Маја Ѓуровска.

Целта на тренингот беше да се проучат најмасовните религии во светот и да се отркијат пораките кои ти ги носат во себе, за во суштина да се дојде до главното откритие, а тоа е дека генералната порака во сите религии е иста.

Во склоп на тренингот беше вклучена посетата на уличниот фестивал во чест на „ Maria di Siponto“, посети на околните католички цркви во чест на „Padre Pio“ католички светец кој работел во и почива во „San Giovani Rotondo“.

Искуството кое го добивме од севкупниот тренинг (предавањата и прошетките на терен) се од особено значење за разбирањето на различностите помеѓу религиите и религиските обичаи, меѓуверската комуникација и взаемното живеење. Ова искуство најмногу се покажа на лице место, каде што склопот на учесници од различни религии покажа дека сепак доколку се сака може да се постигне компромис за сите важни прашања.

– Неофицијален патепис од патувањето –

Се започна од денот кога одлучивме како ќе патуваме, од сите можни опции за превоз, ние одбравме патување со брод; од Скопје до Драч со автобус, Драч – Бари брод, и од Бари до Манфредонија пак автобус. На хартија планот изгледаше феноменално. Е на дело, секогаш се комплицираат работите. По речиси тридневното патување пристигнавме во хотелот. Преморени од патот се вклучивме во вечерата од италијански тип. Моцарела и домати… прсти да излижеш… барем првиот пат кога го јадеш тоа… По четвртиот ден на домати и леб/моцарела веќе не помислуваш дека некогаш ќе јадеш домати пак. Гладноста во стомакот се надополнуваше со ефтиното пиво (25 денари флаша) и хемијата во групата, која беше поврзана на екстремно чуден начин. Организацијата на тренингот, ужасна, меѓутоа сепак предавачите се трудеа со својот ентузијазам да придонесат за разбивање на чувството на на ужаснатост. И вчудувачки, успеваа во тоа. Предавањата беа речиси перфектни со мали мани, меѓутоа тие мани не вреди да се спомнат. По авантурите низ Манфредонија, бањањето во море под полна месечина и безбројните пива, време беше за враќање назад… пак истиот пат, овојпат со целодневна авантура низ Бари. Прекрасен град. Би живеел таму. Повторно Драч*. Овјопат не директно до Скопје, туку само до Тетово. Од Тетово друг Автобус до Скопје. 10 дневна авантура, феноменално. За авантурите низ Драч може да се напише цела книга, не вреди да се спомнуваат само делчиња.

Leave a Reply