Training Course in Jakovo: “Active youth for active future”

The project called “Active youth for active future” took place in Jakovo, Serbia from 8th to 15th of June 2012. There were two participants from PEL from Macedonia: Nikola Shteriov and Sasha Petkovski. There were also participants from Serbia, Bulgaria, Greece, Montenegro, Bosnia and Herzegovina, Romania, Latvia and Germany.

The project’s idea was to explore the issue of the activeness and inclusion of youth in society.

Many activities took place, starting with ice breaking and team building games. These were followed by workshops on the inclusion of young people in their respective societies. The trainers were explaining the subject to us, but there was also some work that we, as participants, had to do ourselves.

During one of the workshops, we were divided in national groups, and each group was given the task to explain to the other participants the activeness of youth in different social aspects in their respective countries. This workshop made us identify the differences that exist between our regions, states and their geopolitical situations.

We also did an interesting fashion catwalk simulation workshop. We were divided in four groups, from which one member was the model, and the others were the fashion designers. Of course, we didn’t actually design clothes, but rather pieces of paper which were to be worn by the model. On these pieces of paper we wrote down all the things that we think are symbols of active participation of young people in social life, such as: volunteering, local and international exchanges, voting, fulfilling the right to education, getting a job, paying taxes, cohabitation and integration of minorities etc. The presentation of the group work consisted of the “models” passing through the “catwalk” so as to be seen by all other participants.

But all this was only about a half of the entire project. The second half was thought to be a local campaign in Jakovo (and the preparations for it). To achieve this, we started by listening to presentations on making successful campaigns, which were held by the project trainers. After this, we expressed our thoughts on what the campaign should be about, and split into groups according to our interests. Some of the ideas were: encouraging young people to vote, find a job, building sports halls and promotion of sport, and even introducing ATM’s to Jakovo. After the ideas were presented, all the participants had to choose only one of the ideas to work on together as one single group. Without much hesitation, we chose the campaign on encouraging the young people of Jakovo to find jobs. So we started making pamphlets which contained a list of web sites where the young people of Serbia can search for jobs. We created questionnaires for them too, with questions about their employment status and their willingness to find a job.

On the day scheduled for implementing the campaign, we split in several groups and went to Jakovo to get the task done. The hot June sun wasn’t really helpful, but somehow we managed to do our job anyway. Giving out pamphlets was the easy part, but the questionnaire part had to be done by someone who speaks Serbian – and therefore we took care that there is at least one such person in each of the groups. After the actual campaign was done, the results of it were interesting to observe. Since our target group was essentially made up of young people, many of them said they had no jobs. Some even said that they have no interest in finding a job because they live with their parents who support them. Even though this particular answer was most probably given mostly by high school kids, we can still conclude that this attitude is typical of the youth in Serbia and the wider region.

On the last working day, we evaluated the entire project, and then we split into groups again and gave suggestions about possible future projects (with some rather interesting ideas springing up). All in all, the project was much fun, with a lot of interaction between participants and a very practical idea behind the local campaign.

___________________________________________________________________________________

Обука во Јаково: „Активна младина за активна иднина“ (o8-15 јуни 2012)

Проектот „Активна младина за активна иднина“ (“Active youth for active future”) се одржа во Јаково, Србија во периодот од 8 до 15-ти јуни 2012 година. Од Македонија, односно од НЕЛ, бевме двајца учесници, Никола Штериов и Саша Петковски. Освен од Македонија, имаше учесници и од Србија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Латвија и Германија.

Проектот имаше за цел да се разгледа и поработи на прашањето за активноста и вклучувањето на младите луѓе во општеството.

Предвидени беа и се одржаа многу активности. Најпрво имаше игри за запознавање и за работа во тимови. Потоа следеа работилници на тема колку младите се вклучени во општествата во кои живеат. Имаше предавања на истата тема од страна на тренерите, но имаше и доста работа која самите учесници требаше да ја направат.

Во една работилница бевме поделени во групи по држава. Во овие групи требаше да објасниме која е ситуацијата во нашата држава во врска со тоа колку младите се активни во разни општествени полиња, и потоа да презентираме пред другите учесници. Тука се воочија разлики според регионот, државата и геополитичката позиција во која секоја држава-учесник на проектот се наоѓа.

Доста интересна работилница беше онаа во која симулиравме модна писта. Се поделивме во четири групи и требаше да одбереме еден член во групата кој ќе биде модел, а другите негови модни дизајнери. Секако, не стануваше збор за креирање вистинска облека за моделот – напротив, моделите беа начичкани со парчиња хартија на кои беа испишани сите нешта кои за нас претставуваат активно учество во општествениот живот од страна на младите, како на пример: волонтерство, локални и интернационални размени, гласање на избори, стекнување на образование, наоѓање работа, плаќање даноци, помош во интеграцијата и соживотот со малцинските групи итн. Презентацијата на групната работа се состоеше во шетањето на „моделите“ низ „модната писта“ за да ги видат сите останати учесници на проектот.

Но сé што е горенаведено беше речиси само половина од целиот проект. Втората половина и систематски беше осмислена за правење кампања на локално ниво (во Јаково) и спремање за истата. За таа цел прво следевме презентации од страна на тренерите за тоа како се прави успешна кампања. Потоа дававме идеи за предметот на кампањата која ќе ја спроведеме, па се поделивме во групи според овие идеи. Имаше идеи како: поттикнување на младите да гласаат, да најдат работа, градење на спортски сали и промоција на спортот, па дури и за вградување на банкомати во Јаково. Откако идеите беа изложени и презентирани, сите учесници на проектот како група требаше да избереме само една од истите на која сите заедно ќе работиме. Изборот без многу двоумење падна на кампања за охрабрување на младите во Јаково да најдат работа. За таа цел изработивме летоци со веб страници каде младите од Србија можат да бараат работа, но и прашалници за тоа дали се вработени, дали се волни да најдат работа и да образложат зошто.

На денот кој беше предвиден за спроведување на кампањата, се поделивме во неколку групи и излеговме во Јаково за да ја изршиме задачата. Топлото јунско сонце не беше од голема помош, но некако се снајдовме и покрај него. Лесно беше да се делат летоци, но делот со прашалниците мораше да го одработи некој кој знае српски – затоа се погриживме во секоја група да има барем еден таков учесник. Откако практичниот дел од кампањата заврши, резултатите беа интересни. Бидејќи испитувавме главно млада популација, добар дел од нив одговорија дека немаат работа, а неколку рекоа и дека воопшто не се заинтересирани да најдат работа, бидејќи живеат во куќа со своите родители кои ги издржуваат. Иако овој одговор веројатно најчесто го даваа средношколци, сепак може да се заклучи дека ваквиот став е симптоматичен за сите други млади луѓе во Србија, но и во поширокиот регион.

По ова следеше последниот работен ден, каде што правевме евалуација на целиот проект, а потоа, повторно поделени во групи, дававме предлози за нови проекти кои може да се реализираат во иднина (со доста интересни идеи за истите). Проектот беше интересен во целост, со многу интеракција, дружење и забава меѓу учесниците, но и со доста практична цел изразена преку локалната кампања.

Leave a Reply