Повик за учесници за регионален состанок во Скопје

Сподели
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Асоцијација НЕЛ има потреба од 15 учесници од Македонија, на возраст над 18 години, за учество на регионален состанок за активно европско граѓанство, кој ќе се одржи во хотелот „Порта“, во Скопје од 16-ти до 17-ти април 2014.

Регионалниот состанок е продолжение на проектот “Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен Балкан“, кој е подржан од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија.

Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен БалканНа состанокот ќе земат учество 25 учесници од Македонија, Албанија и Србија кои за време на дводневната програма ќе ги истражуваат темите на граѓанско образование и европските политики за Европско граѓанство.
Регионалниот состанок ќе помогне да се развијат практични совети за како да се поттикне граѓанскиот ангажман и активно учество на граѓаните на локално и европско ниво, но и да даде повратни информации за влијанието на политиките на ЕУ врз активното граѓанство.

Доколку сте заинтересирани да земете учество на регионалниот состанок,  испратете пополнета апликација на contact@pel.mk.

Учесниците на регионалниот состанок мора да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот.

>>> ПРЕВЗЕМИ АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО <<<

2 Comments

on “Повик за учесници за регионален состанок во Скопје
2 Comments on “Повик за учесници за регионален состанок во Скопје
  1. Pingback: Повик за учесници за конференција за активно европско граѓанство

  2. Pingback: 7 activities, 6 partners, 1 succesful project on Active European Citizenship

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *