Повик за учесници за конференција за активно европско граѓанство во Тирана

Во рамките на 17-месечниот проект за „Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен Балкан“, Асоцијацијата НЕЛ од Скопје има потреба од 10 учесници од Македонија, кои ќе учествуваат на финалната конференција што ќе се одржи во Тирана, Албанија од 15-ти до 18-ти септември 2014.

Финалната конференција ќе ги собере заедно сите партнери на проектот кои во текот на изминатата година работеа на реализирањето на предвидените активности, со цел да се погледнат, споделат и оценат резултатите од целиот проект.

Active European Citizenship for Democracy and ParticipationАсоцијацијата за напредок, едукација и лобирање, како партнер од Македонија, во рамките на проектот организираше два еднодневни семинари за средношколци, активисти и професионалци; спроведе анкета за перцепцијата на македонските граѓани за поимот граѓанство и граѓанската улога во демократскиот живот во Македонија; и организираше и беше домаќин на регионален состанок во Скопје за активно европско граѓанство.

На финалната конференција, која е подржана од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија, ќе земат учество 56 учесници од партнерските организации од Македонија, Албанија, Србија, Полска, Германија и Велика Британија.

Учеството на конференцијата е отворено за сите заинтересирани кои имаат наполнето 18 години, при што сместувањето и храната ќе бидат целосно покриени од организаторите, како и 70% од патните трошоци.

Услов за учество е солидно познавање на англискиот јазик, бидејќи тој е работен јазик за време на конференцијата.

Повеќе информации за целиот проект може да се најдат на веб сајтот www.active-citizens.org.

Доколку сте заинтересирани да земете учество на конференцијата, испратете пополнет апликационен формулар со назнака „Конференција во Тирана“ на contact@pel.mk.

АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР

Active Europen Citizenship for Democracy and Participation

One Comment

on “Повик за учесници за конференција за активно европско граѓанство во Тирана
One Comment on “Повик за учесници за конференција за активно европско граѓанство во Тирана
  1. Pingback: 7 activities, 6 partners, 1 succesful project on Active European Citizenship

Leave a Reply