Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање (НЕЛ) од Скопје има потреба од еден учесник од Македонија, на возраст од 18 до 25 години, за младинска размена на тема „Artistic of learning methods and transnational socio-cultural changes“, која ќе се одржи во Газиантеп, Турција од 23-ти до 30-ти март 2014 година, во рамките на програмата „Млади во Акција“ (Youth in Action) на Европската Комисија.
Храната и сместувањето се целосно покриени од страна на организаторите, како и 70% од патните трошоци. Учесниците мора да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на проектот или имате дополнителни прашања, контактирајте не на contact@pel.mk со назнака „Младинска размена во Турција“.
Со почит,
Асоцијација НЕЛ